International Transport And Forwarding Agency

Euro Lines

За нас

ЕУРО ЛИНЕС Скопје е транспортна компанија основана во 1995 година и од самиот почеток е лиценцирана за вршење на меѓународен и домашен товарен транспорт. Од самите почетоци се издвојува како исклучително посветен и ефикасен субјект во дејноста, флексибилен на барањата и потребите на клиентите.

Менаџментот и организациската структура во компанијата ги сочинуваат врвни професионалци со долгогодишно искуство, кои постапуваат навремено и точно, водејќи се притоа по најдобрите интереси на корисниците на нашите услуги за транспорт на секаков вид добра.

Постојаниот корпоративен раст е потврда за успехот и меѓу основните критериуми за избор на ЕУРО ЛИНЕС Скопје како Ваш партнер во товарниот транспорт.

Да си подадеме рака, за заеднички успех!

Нашата компанија врши секаков вид на транспорт, односно сувоземен, поморски и воздушен транспорт на палетизирани пратки, непалетизирани пратки, опасна роба, со можност за комплетни товари како и збирни пратки.

Широко распространетата мрежа на соработници во земјата и странство, ни овозможува портфолиото со основните посочени услуги, да го дополниме во интерес на целосно задоволување на Вашите предвидени и во меѓувреме настанати потреби.

Решение за секој Ваш предизвик!

За време на 30-годишното успешно присуство на пазарот се стремиме кон една цел – квалитетно и навремено да ги реализираме преземените обврски кон нашите клиенти. Задоволството и довербата која ни ја даваат е потврда за високите стандарди за квалитет кои ги одржуваме и придонесе да станеме препознатлив транспортен бренд во земјата и пошироко.

Гарантираме безбедно подигнување, транспорт и навремена испорака на било која релација. Ажурноста и транспарентноста се меѓу основните принципи на кои е базирана нашата работа. Достапност на вработените 24/7 за било какви консултации и обезбедување на потребни информации за време на целиот транспортен процес.

Нема незадоволни клиенти!

Our fleet

Контакт

Еуро Линес ДООЕЛ

Компанија за меѓународен транспорт и шпедиција

Бул. „АСНОМ“ бр. 64 А

1000 Скопје, Македонија


Тел: +389 2 2454018
Тел: +389 2 2454019
Тел: +389 2 2454020

GSM: +389 78 353 497
GSM: +389 70 233 848
GSM: +389 70 231 367

contact@eurolines.com.mk
transport@eurolines.com.mk
finance@eurolines.com.mk

Следи нѐ на Instagram



Прати ни порака